loading...
Состојки:
-6 јајца,
-6 лажици брашно,
-6 лажици шеќер,
- 4 лажици какао,
-6 лажици топла вода,
-1 пециво.
За крем:
-2 пудинзи (од чоколада и јагода),
-1 л. млеко,
-2 чоколади за готвење,
-100 гр. маргарин.
Подготовка:
-Се матат јајца со шеќерот, па се додава вода и на крај се додава помешаното брашно со какао и пециво. Бисквитот се пече на 180 степени, 20 минути. Кога ќе се олади се попрскува со 100 гр. шеќер и 200 гр. вода претходно приготвено како слаб шербет.
-На пудингот од чоколада му се додава 500 мл. млеко, 3 лаж. шеќер, 1 чоколада и 50 гр. маргарин. А на др. постапката е иста, само не му се додава чоколада.
-Бисквитот се сече на половина по должина и се филува, а одозгора се попрскува со стопена чоколада.
Рецепт на Благица Цветановска
No comments:
Post a Comment