loading...
За нега на нокти, за убод од инсект... Нема да верувате за што се` можете да ја користите пастата за заби!
Претерувањето со темни бои на лакови за нокти може да предизвика појава на дамка на нокти или да ги направи жолти. Нежно истријте ги со пастата за повторно да бидат бели.
Убод од инсект
Нанесете паста за заби на местото убодено од инсект и оставете го да делува преку ноќ. Пастата ќе го спречи отокот, ама неби требало да се нанесува на отворена рана.
Чистење на пегла
Малку паста за заби се втријте на пегла додека е ладна, па избришите со влажна крпа. Површината на пеглата ќе биде совршено чиста и спремна за пеглање.
Чисти обувки
Пастата за заби е одлична и за чистење на ѓонови. Ѓоновите на патика со паста ќе бидат чисти како нови.
Непријатен мирис на раце
За да го отстраните непријатниот мирис од рацете по сецкање на лук или подготовка на пилешко месо, на кожата втријте малку паста за заби.
No comments:
Post a Comment