Tuesday, February 21, 2017

Логика

loading...




Хасо седи со еден пријател кој чита книга „Логика“
-Хасо: Што читаш тоа пријателе?
-Пријателот: Логика.
-Хасо: Логика, а што е тоа логика?
-Пријателот: Па еве видиш, имаш ли дома аквариум?
-Хасо:Имам.
-Пријателот: Ете видиш, логично е дека сакаш животни.
-Хасо: Да.
-Пријателот: Кој сака животни, сака и луѓе.
-Хасо: Да, сакам луѓе.
-Пријателот: Тогаш, ако сакаш луѓе, сакаш и жени.
-Хасо: Па ете сакам.
-Пријателот: Ете и тоа е логично. А ако сакаш жени не си педер.
-Хасо: Бегај таму.
-Пријателот: Ете видиш, тоа ти е логика.
-Хасо: А тоа е логика? Ма јас сум отишол... Знам, знам, знам.
-Пријателот: Слушај, јас сега морам да одам на едно предавање, еве ти ја книгата, разгледај малку, па ќе се видиме малку подоцна.
-Хасо: Ех, како ќе те зафркавам потоа.
Останува Хасо да ја разгледува книгата, во меѓувреме доаѓа Мујо.
-Мујо: Хахахаха.
-Хасо: Што е?
-Мујо: Тоа ти нешто читаш, нели?
-Хасо: Па не, туку возам трамвај, знаеш.
-Мујо: Што читаш?
-Хасо: Логика пријателе, логика. Што читаш...
-Мујо: Што е тоа логика?
-Хасо:Знаев, не знаеш што е логика? Сега ќе ти објаснам. Слушај, имаш ли ти дома аквариум?
-Мујо: Немам.
-Хасо: Немаш дома аквариум?
-Мујо: Немам.
-Хасо: Ма марш, педер еден, марш. (си оди)


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...