Monday, December 26, 2016

Предлози за „last minute“ разубавување

loading...

-Доколку излезете од линијата на усните, без да ја бришете базната шминка, на тенка четка нанесете малку коректор и покријте ја несаканата грешка.

-При нанесување маскара, веднаш до трепките ставете картичка како граничник, така вишокот маскара ќе остане на картичката која подоцна лесно ќе ја избришете.

-Доколку немате време за ставање туш или линија со молив, користете само маскара.

-Ако немате многу време за шминка, доволно е само да нанесете впечатлив кармин.

-Доколку сте ги излакирале ноктите, а вие сте пред излегување направете мал трик за брзо сушење: во длабок сад со ладна вода и коцки мраз ставете ги ноктите на 2 минути.

-За брза фризура: од спрејот за брановиден изглед нанесете по целата должина на прамените, потоа косата соберете ја во ниска пунџа, штом стигнете до таму кај што брзате, само пуштете ја косата слободно да паѓа.

-Имате непослушни шишки? Фиксирајте ги над челото со лак за коса.

-Користете шампон за суво миење секогаш кога немате време за миење на косата.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...