loading...
-Состојки:
* 25 гр. семки од тиква
* 2,5 дцл. 70 % алкохол.
Подготовка:
Семките се сецкаат ситно и се ставаат во алкохолот. Се ставаат на сонце 6 дена, потоа се цедат. Лосионот се чува во фрижидер.
Употреба:
Првин лицето да се измие со сапун (сумпорен, глицерински или бораксов). Потоа со лесна масажа се тмпонира лицето со овој лосион, кој истовремено го дезинфицира лицето, а митисерите со време ги снемува.
-Состојки:
* 75 гр. сув босилек,
* 3 дцл. вода.
Подготовка:
Босилекот се става во студена вода и се остава да отстои 12 часа, а потоа се вари до вриење. Се трга од огин, се лади и се сипува во шише.
Употреба:
Лицето се мие со медицински сапун, потоа се чисти и се тампонира со лосионот наутро и навечер. Вака многу успешно се отстрануваат митисерите. За подолго да стои лосионот се ставаат 2-3 лажици алкохол во него.
-Состојки:
* 15 гр. нане,
* 250 мл. врела вода.
Подготовка:
Нането се прелива со водата и се става да отстои поклопено 1/2 час, а потоа се цеди. Шишето со лосионот треба да биде добро затворено.
Употреба:
Лосионот се употребува за мрсна кожа полна со митисери, а добар е и за гноенки. Дејството е поефикасно и лекувањето поуспешно ако му се стави малку алкохол. Лицето се тампонира неколку пати на ден.
No comments:
Post a Comment