loading...
Да е здрава како дрен,
да е светла како ден,
да е стројна како бор,
да е топла како збор,
да е цветна како цвет,
да е медна како мед,
да е појна како пој,
да е ројна како рој,
да е дрочна како клас,
да е крилна како глас,
да е вирна како вир,
да е родна како мир...
Кој тоа?
Годината што иде - среќна да ни биде!
Стојан Тарапуза
No comments:
Post a Comment