loading...
-Затворот или непријатна стомачна тегоба се јавува како последица на седeњето, неправилната исхрана, недоволно течности, а може да се јави и на психичка основа. Лица кои се затворени во себе, чувствителни на својата сопственост, премногу педантни, често патат од затвор.
-Се препорачува на возрасните лица кои патат од затвор да јадат што почесто компот од суви сливи и смокви, што повеќе овошје и зеленчук, свежа и кисела зелка и леб од цело зрно пченица. А, се препорачува и следниот чај:
* Полна голема лажица ленено семе да се истолчи во сад и да се прелие со 2 дцл. топол чај од камилица, се остава да отстои додека да се излачи слузта од семето и се испива одеднаш. Доколку се работи за хроничен затвор може да се пие 2-3 пати дневно, затоа што лененото семе не предизвикува мрзливост на цревата.
-Чај за лекување на хемороиди:
* 100 гр. водно пиперче,
* 100 гр. бела ајдучка трева,
* 50 гр. овчарска торбичка,
* 50 гр. коњско опавче,
* 50 гр. бела имела,
* 40 гр. кора од крушина,
* 40 гр. корен од валеријана.
Сите состојки добро да се измешаат...
Начин на употреба: 2 лажици од билките се ставаат во 500 мл. врела вода. Се пие по 100 мл. чај пред јадење 4 пати дневно.
Се прават седечки бањи на хемороидите по 15 мин., од следната смеса: 2 лажици борна киселина (земено од аптека) се раствора во 2 лажици топла вода.
-Чај за лекување на запек:
* 80 гр. лист од мента,
* 40 гр. сладок корен,
* 60 гр. лист сена,
* 40 гр. линцура,
* 40 гр. кора крушина,
* 30 гр. валеријана.
Сите состојки добро се мешаат...
Начин на употреба: 1 лажица од билките се варат во 250 мл. вода 10 мин. Половината се испива наутро, а др. половина навечер.
No comments:
Post a Comment