loading...
Состојки:
-400 гр. пченкарно брашно
-1200 мл. вода
-сол по потреба
-џимиринки по потреба
-зејтин.
Подготовка:
-Во зовриена вода со малку сол се става пченкарно брашно, се прави круг на средина и се остава да врие (час и половина). На крај се промешува.
-Во посебен сад се загрева зејтин, голема лажица се потопува во зејтин и се прават топчиња од смесата со пченкарно брашно. Може да се сервира со џимиринки и сирење.
Рецепт на Ивана Божиновска
No comments:
Post a Comment