Wednesday, December 21, 2016

Можеби ќе можев да го сменам светот

loading...


Кога бев млад и слободен,
А мојата фантазија беше безгранична,
Јас сонував да го изменам светот.

Како што растев и станував поумен, 
Сфатив дека светот не сака да се менува.
И јас решив да ги намалам своите амбиции,

За да го изменам само моето општество.
Но, се покажа дека и тоа е неподвжно.

Како што влегував во повозрасните години,
Со едно безнадежно чувство,
Јас се фрлив да го менувам моето семејство,
Она што ми е најблиско.

За жал, и тие не сакаа да се сменат.

Сега лежам на смртната постела
И разбирам, можеби за првпат,
Дека ако јас се сменев прво себеси
Тогаш можеби како пример
Јас ќе можев да влијаам на моето семејство,
А со нивното охрабрување и подршка 
Ќе можев да го подобрам моето општество.

И којзнае, 
МОЖЕБИ ЌЕ МОЖЕВ ДА ГО СМЕНАМ СВЕТОТ.
 

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...