Friday, December 2, 2016

Домашно лекување на чир на желудникот

loading...

-Чир на желудникот се јавува како последица на секојдневната напнатост, конзервирана и сува храна, нередовна исхрана, кафе, цигари... Оваа болест може да се лекува со редовна и правилна исхрана, повеќе сокови, овошје и зеленчук, одмори од напорната работа, со соодветни лекови од докторот. На болните им се препорачува ваква чајна мешавина:
* 50 гр. троскот,
* 50 гр. цвет од невен,
* 50 гр. корен од цикорија,
* 60 гр. лист од тегавец,
* 60 гр. жолт кантарион,
* 40 гр. коњско опавче,
* 80 гр. корен од црн оман. 
Начин на употреба: 2 лажици од билките се ставаат во 500 мл. вода да вријат 5 мин. Се пие по 100 мл. пред јадење 4 пати на ден. Да се пие одварок од мајчина душичка наместо вода.
или
Се земаат 100 гр. ситно исецкани листови од тегавец и 50 гр. сомелен корен од црн оман, се ставаат во 1 кг. мед и се јаде по 1 лажица, 2 часа по јадењето.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...