Monday, December 5, 2016

Моцарт торта

loading...

Состојки за I фил:
-18 лажици млеко
-18 лажици шеќер
-9 лажици какао
-1 лажица путер.

Состојки за II фил:
-250 гр. путер
-150 гр. шеќер во прав
-8 жолтки од јајца.

Состојки за пандишпан:
-8 белки
-8 лажици шеќер
-8 лажици лебни трошки
-1 пециво
-3 лажици од филот без путер.

Подготовка:
-Состојките за првиот фил се варат сите заедно и смесата се остава да се олади. Путерот и шеќерот убаво се матат и се додаваат 8-те жолтки и се добива вториот фил.
-Се матат белките и шеќерот и им се додава лебни трошки, пециво и 3 лажици од првиот фил со што се добива пандишпанот. Потоа се става во плех и се става плехот во рерна да се пече на 200 степени.
-Откако ќе се испече пандишпанот се сече на 3 дела, се соединуваат двата фила и се реди тортата (ред пандишпан, ред фил). 
-На крај тортата се украсува по желба.






Рецепт на Ивана Божиновска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...