Monday, December 19, 2016

Чуваркуќа, ушниче - позната лековита билка

loading...

-Плодот на билката е во облик на чаура, билката се размножува без особена нега, а употребливи се сите делови на билката, освен коренот.
-Терапевтски индикацииболки во ушите, загноени рани, крварење, изгореници, болки во очите, херпес.
-Начин на добивање на сокот: кога листот ќе се скрши се става во шоља со топла вода да отстои 2-3 мин. а потоа се вади и со раката се истиснува сокот. За ова може да се користи и соковник.
-Начин на употреба: свеж сок добиен  од меснати листови се става на раните, изгореници и во внатрешната ушна школка.
1. Против рани, воспаленија, чиреви и изгореници.
Се користи свежо здробен лист или сок од листот. Здробениот лист се превива на заболеното место, а ако се користи сокот, со него се влажи заболениот дел.
2. Против херпес, кожни болести, испукана кожа, хемороиди и глисти -Се ставаат облоги натопени со сок од свежи листови и се пие чај од листовите - 100 гр. се вари во 1/4 вода 15 мин.
3. Против убод од инсект -Убодените места се мачкаат со сок од билката.
4. Против течење од уво или растворање на стврднат секрет -Се накапува во увото неколку капки од билката.
5. Против брадавици, жуљеви и курји очи -Во тек на 7 дена да се истрие со сок од здробени листови од билката, се ставаат облоги од истолчени листови, а може и облоги намокрени во листови од бршлен држани во црно вино или вински оцет.

Мелем против свежи рани, отоци и удари
-Се истискува 100 гр. листови од билката, се додава 9 лажици вода и 200 гр. свинско сало, се варат заедно 15 мин., се процедува, па со добиената маст се мачка, па потоа се превива повреденото место.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...