Friday, December 16, 2016

Со леблебијата до помалку килограми

loading...




Леблебијата или наречена уште и наут, солен грашок или солен грав, кај нас најмногу се употребува како „ужинка за грицкање“. Меѓутоа, зрното леблија има голема моќ за отстранување на вишок килограми.

Таа е природен извор на железо и содржи толку влакна што може да не одржи сити и по неколку часа. Додека растворливите влакна помагаат за жолчката да биде под контрола, нерастворливите влакна го подобруваат варењето и помагаат при слабеење. Дури и кога е сварена содржи двојно повеќе од исто количество на месо.

Леблебијата освен што е богата со калциум и помага во стабилизирање на нивото на шеќерот во крвта, таа е и одличен извор на протеини.

Еве рецепт за хумус од леблебија

Состојки: 
-300 гр сирова леблебија, 
-сок од 1 лимон, 
-2 лажици маслиново масло, 
-2 чешниња лук, 
-1/2 шолја тахини – паста од сусам, 
-магдонос, 
-1/2 мала лажичка зачинска пиперка, 
-сол, 
-1/2 лажичка мелен ким, 
-бибер, 
-луто пиперче.

Подготовка: 
-Леблебијата најпрво се потопува во вода да отстои преку ноќ. Потоа се варе час и половина до два часа. 
-Да се сочува водата во којашто е варена леблебијата, па во блендер се соединува со лукот, тахинито, солта и маслото, лесно додавајќи ја преостанатата течност додека да се постигне посакуваната густина. 
-Кога е готов, хумусот се сервира во подлабока чинија, се прелева со маслиново масло, црвена пиперка и магдонос.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...