loading...
-200 гр. свежа зелка и 5 дцл. студена вода.
Подготовка: Здравите листови на зелката се измиваат во неколку води и се оставаат во студена вода да отстојат. Во 1/2 л. вода, малку посолена вода се вари на тивко 2 часа, потоа се лади. Водениот раствор се користи како лосион.
Употреба: Тампон од памук или газа се топи во лосионот. Деловите со бубулици и митисери се масираат со тампонот. Пожелно е, по тоа, лицето да се измие со сумпурен сапун, така што пената од сапунот да отстои неколку минути на лицето. Потоа лицето треба да се измие со топла вода и се брише со крпа.
-15 гр. липов цвет и 2 дцл. врела вода.
Подготовка: Липовиот цвет се прелева со врелата вода. Се поклопува и се става да отстои околу 30 мин. Се цеди и се флашира, се чува во фрижидер.
Употреба: Лосионот се става на претходно измиено лице, 3 пати на ден.
-1 чешне лук и 1 дцл. 70 % алкохол.
Подготовка: Лукот се толчи и се прелива со алкохол. Се остава преку ноќ, се цеди и чува во темни шишиња.
Употреба: Со памук натопен во лосион се тампонираат гнојниците секој ден.
No comments:
Post a Comment