loading...
-Полна голема лажица лист од милодух се прелева со 1 дцл. врела вода, се поклопува и се остава еднаш да проврие. Се симнува чајот од огинот и по 1/2 час се процедува. На секој 1/2 час се испива по 1 лажица. Сеедно е дали се пие топло или ладно, а може да се додаде и малку некој природен домашен сок за да се подобри вкусот.
-На некои лица им помага и чаша сок од домати, лимонов сок, сок од портокал, јаболко или некое др. овошје, а некои пак јадат рендан рен и ротквици, подготвени како салата со малку лук и неколку капки јаболков оцет.
-Чај против гадење и повраќање:
* 100 гр. лист од мента,
*50 гр. лист маточина,
* 40 гр. цвет од камилица.
Начин на употреба: 2 лажици од билките се налеваат со 500 мл. врела вода. Се пие по 100 мл. пред јадење 4 пати дневно.
No comments:
Post a Comment