Tuesday, December 13, 2016

Зајакнување на имунитетот во домашни услови

loading...

-Имунолошкиот систем е многу значаен за здравјето на човекот.Природен или стекнат имунитетот е состојба на отпорен организам на човекот кон  одредена инфекција или паразитска болест.

-За зајакнување на имунитетот, проверен лек, од билките, е ехинацеата. Се препорачува да се користи 2 недели а потоа да се паузира.

-Планинскиот чај, црн чај или вранилова трева е голем антиоксиданс, имуностимулатор и одличен е во борбата со вирусите.

-Алојата содржи ацеман -силно имуностимулативно соединение. Се употребува за лекување на паднат имунитет  и најтешки болести.

-Медот, поленот, прополисот и пчелиниот млеч се најаките природни средства кои го одржуваат имунитетот. Во последно време за зајакнување на имунитетот многу популарни се и зрнестите билки - семе од пченица, пченка, јачмен, овес, детелина луцерка... Во исхраната се користи целото зрно.

-Ива трева или планиско подабиче е стар балкански лек за слаб имунитет и тешки болести. Поради горчливиот вкус, може да се користи во комбинација со нане и бел слез.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...