loading...
Еднаш одамна, едно момче, појде во светот да ја бара вистината. Бараше преку седум гори и седум мориња. Го праша сонцето, ја праша месечината, ги прашуваше ветриштата. Три рала железни обивки искина и на крајот ја најде.
Вистината беше стара и грда. Со неа момчето остана три години. Таа го поучи на многу работи. И дојде време да се разделат. На разделбата, вистината го праша:
-Дали ќе направиш нешто за мене?
-Да - вети момчето.
-Кога ќе се вратиш во светот, меѓу луѓето, и кога ќе те прашаат за мене, кажи им дека сум млада и убава.
No comments:
Post a Comment