loading...
-При зголемено лачење на киселина болниот често подригнува, има непријатна киселина и др. тегоби. Против ова може да се земе сода бикарбона, но подобро е да се подготват чаеви кои ја намалуваат киселината: нане, камилица, липа, ајдучка трева, жалфија, семе од лен, сладок корен и др.
-Чај кој помага во лекување на зголемено лачење на киселина: 40 гр. корен од иѓирот, 5 гр. цвет од липа и 5 гр. ајдучка трева. Мала лажица од мешавината се прелива со 2 дцл. врела вода, се поклопува и се остава да стои еден час па потоа се процедува. Се пие наутро по 2 дцл. незасладен чај на празен желудник.
-Гастритис или воспаление на слузница на желудникот, најчесто се јавува како последица од неправилна исхрана, големи оброци на храна, пречесто земање на ладни пијалоци, претерана количина на алкохол, како и штетните цигари и кафето. Кај чувствителни лица гастритис може да се појави и од аспирин и лекови против ревматизмот. Се оздравува преку постот, со повремено земање на малку чај од камилица, додека потполно не се испразни желудникот и цревата, па дури тогаш постепено се преминува на нормална исхрана.
-Чај кој помага во лекување на гастритис: 20 гр. цвет од камилица, 5 гр. лист од питомо нане, 15 гр. подубица, 20 гр. кантарион, 5 гр. лист од капина, 5 гр. сладок корен, 10 гр. бел слез, 10 гр. трева ива, 5 гр. корен пиревина и 5 гр. видова трева. Една лажица од оваа мешавина се прелева со 200 гр. вода за вриење, се остава да проврие еднаш, се поклопува, се остава да стои еден час па потоа се процедува. Се пие по 3 пати на ден пред јадење незасладен чај. На децата им се дава според возраста.
No comments:
Post a Comment