Wednesday, March 29, 2017

Oткачени првоаприлски шеги

loading...



  Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

 Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат „Денот на шегата си замина, ти си будала што се шегуваш“. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија децата ( и возрасните, кога е соодветно)традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија и викаат „april fish“, на својот јазик („Poisson d’avril! “ „pesce a’aprile!“, односно на француски и италијански). Најраната врска помеѓу први април и шегата може да се најде во Canterbury Tales-Приказните за Канетбуру на Чаусер (1932година).

  Веруваме дека не би ви дошле на одмет неколку идеи за тоа како да се пошегувате со вашите блиски, па дури и со луѓето кои не ви се толку блиски. Доколку не повредувате некого, телесно или душевно, сѐ е дозволено. Еве некои од нив:

1.Сендвич со банана
2.Компјутерско глувче што не работи
3.Лижавче од кромид
4. Шега со сапун
5. Балони на врата.




No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...