Tuesday, March 7, 2017

За нив воздивнува пола планета: Сите тајни на заводничките на 21 век

loading...


  Тие привлекуваат внимание каде и да се појават, а тоа во што ќе се прошетаат на црвениот тепих, станува апсолутен тренд.

  Не е тајна дека по нив воздивнува пола планета. А другата половина посакува таков сексапил. Нивната убавина понекогаш делува недостапно. Се прашувате во што е тајната. Во совршените димензии? Не. Клучот на нивниот успех е во тоа што тие всушност не се фокусирани на тоа што ќе мисли околината за нив. Тие не се трудат да ги задоволат другите, туку себе.

  Дознајте ги тајните за убавина на Џесика Алба, Џесика Бил, Ријана и Рози Хантингтон Вајтли.

1. Природни убавици
Совршена девојка никогаш не изгледа така како да поминала часови пред огледало. Ама, таа знае да го истакне она најубавото на своето лице.

Бонус трик: Ако имате чист и сјаен тен како Џесика Бил, нема потреба да претерувате со тешки пудри и подлоги за лице. Доволно е да го одржувате со производи кои ви одговараат. Редовно да го чистите со благо средство за чистење на лице и да го третирате со благ лосион. При шминкањето бирајте благи подлоги.

2.Зрачат со самодоверба
Дури и кога не се во топ форма, овие убавици не се сомневаат дека другите се буткаат да бидат во нивна близина. Нивната самодоверба се граничи со вообразеност, ама никогаш не ја преминува границата. Тоа им влева дополнителна сила со која делуваат хипнотизирачки.

Бонус трик: Џесика Алба знае како да ја восхити околината и да сјае каде ии да се појави. И се` благодарение на шминката со светкави честички. Малку осветлување на образите, надворешни агли на очите и под веѓите му дава на лицето  неверојатен сјај. Ако на сето тоа го додадете сјајот за усни со златен сјај, ќе се чувствувате како една од овие посакувани девојки. Ама не дозволувајте тоа премногу да ве понесе. бидејќи треба да делувате умерено и елегантно.

3. Негуваат сопствен стил
Овие девојки не робуваат на модни трендови, туку постојано работат на својот имиџ кој ги дели од масата и баш затоа се посебни. Ријана е одличен пример. Нејзините промени на фризура е дури невозможно да се прати, ама сигурно е дека секојпат изгледа оригинално.

Бонус трик: Сеуште талкате и не знаете како да го пронајдете својот стил кој најмногу ви одговара? Следете ја својата интуиција. За почеток, прегледајте модна и за убавина категорија на веб страна и побарајте фотографија на манекенки и познати жени чиј изглед одговара со вашиот. Извлечете го тоа што им е заедничко, на пр. нагласени усни и природна боја на очи, и нека ви биде поттик за поставување на стандард за убавина по кој ќе се водите. Или, експериментирајте и набљудувајте ја реакцијата на околината. Ако вашиот дечко е одушевен како изгледате кога ќе ги исцртате очите, само напред. На добар пат сте.

4. Носат доза на мистерија
Рози Хантингтон Вајтли не се плаши да заведува отворено со сите свои адути, ама никогаш не покажува се`. Баш тоа и` дава посебен шмек и прави околината постојано да размислува за неа.

Бонус трик: Дозволете си себеси лежерна, дури помалку несредена коса. Ако косата ви изгледа како некој пред тоа да мрсел и галел со часови, може да делува провокативно. Пораката гласи: Заменете ги ускладените строги локни со опуштени свиткани прамени. Зацврстите ја нивната заводлива сила со „зачадени очи“. Се` што ви е потребно е црно моливче. Со него извлечете линија над горните трепки и размачкајте ја до половина на очниот капак.


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...