Tuesday, March 28, 2017

Кафе за убавина: Како кафето им помага на кожата и косата

loading...


  Сите веќе ја знаеме волшебната моќ која ја поседува 1 шоља кафе: доволна е само 1 голтка да ве врати во живот. За среќа, таа помага и за убавина на косата и кожата. „Зрната кафе се богати со поттикнувачки кофеин и полифенолими кои се моќни антиоксиданти“, кажува Heidi Waldorf, дерматолог од Њујорк. „Кога се користат површински, ја освежуваат кожата, ја смалуваат надуеноста и го ублажуваат запалението на кожата“. Еве како кафето може да ви помогне да бидете поубави.

1. Пилинг
Пилинг на кожа со кофеин помага да се отстранат дупчињата на кожата привремено исполнети со масни ќелии. Можете сами да направите корисно средство: Помешајте 1 филџан мелено кафе и 1/2 филџан шеќер, додајте 1 филџан хидратантно кокосово масло и добро измешајте. Смесата втријте ја на мокра кожа при туширање и со кружни движења третирајте ја површината на кожата. Измијте и осушете.

2. Маска за лице
Кафето помага да отстраните слој од исушена кожа од лице и да му дадете посвеж и посјаен изглед. Маска која сами можете да ја направите: 1/2 филџан мелено кафе помешајте со 1/2 филџан какао во прав. Додајте 1 филџан обезмастено млеко и мешајте додека не собиете паста. Додајте и 1 лажица мед за да се згусне смесата. Намчкајте на измиено лице, оставете да отстои најмалку 15 минути. На крајот измијте со топла вода.

3. Растење на коса
Редовната нега на коса со кафе помага за активирање на коренот и стимулирање на нејзиниот раст, покажуваат неодамнешни истражувања на универзитетот Libe во Германија. Еднаш неделно помешајте 1 дланка мелено кафе со малку регенератор и нанесете на коренот, нежно масирајќи го темето за подобро да се втрие смесата. Оставете да делува 5 минути и измијте.

4. Смирување по сончање
Противвоспалителни својства на кафето помагаат при ублажување на црвенило, а антиоксиданти се борат против слободните радикали создадени со УВ зрачење. Истражувањата покажале дека, ако се нанесува локално, кофеинот може да ве заштити од рак на кожа на молекуларно ниво. Растворете филџан приготвено кафе со ладна вода, со тоа намокрете мека крпа и така втријте ги изгорениците на лице и на тело. Кожата веднаш ќе се олади.

5. Балзам за подочници
Кофеино ја впива течноста која создава надуеност под очите и спречува крвните зрнца да станат подочници. За совршен балзам кој ќе можете да го користите секое утро: 2 памучни тупфери натопете во оладено зготвено кафе. Исцедете ги, ставете ги на очите и одморете се 10 минути додека сета течност да се впие.



No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...