loading...
При чистење на кујната, добар дел од тоа време и напор одзема чистење на печката. Теоретски, ова треба да се направи по завршувањето на подготовка на храна. Не чини ништо да ја избришете површината на шпоретот со влажна крпа и тој ќе блесне. Но, во пракса, не се сите домаќинки исти, нели?
Постои 1 корисна идеја како шпоретот секогаш да ви останува во совршена состојба, со помош на обична алуминиумска фолија. Таа е една од најпознатите практични работи кои човештвото ја има измислено, и многу од вас сигурно ја имате во вашите кујнски фиоки.
Обичната алуминиумска фолија за домаќинство помага во одржување на хигиена во кујната, ќе ви заштеди време, нерви и пари. Значи, ако сакате вашиот шпорет да останува чист, кога готвите и пржите (особено масна) храна, направете го следново:
Обложете ја работната површина на шпоретот со алуминиумска фолија. И тоа е тоа! Кога ќе се заврши готвењето (или печењето), извалканата фолија отстранете ја и заменете ја (ако е потребно) со друга. Резултатот е: чист шпорет и заштедено време. Лесно, евтино и практично!
No comments:
Post a Comment