Monday, March 13, 2017

Овие ситници и детали го привлекуваат многу повеќе од „совршениот“ изглед

loading...




  Често мислиме дека машките кај жената паѓаат само на совршениот изглед. Но, тоа не е вистина!Тоа што машките сакаат кај девојката често нема врска со згодно тело или секси облека.

Еве што се` ги привлекува машките:

Утринско протегање. Да се разбереме, машките сакаат високи потпетици и кратки здолништа, ама  попривлечно им е  жена во домашно издание која провокативно се протега. Многу сакаат утрински поглед во кој жената станува од креветот и се протега.

Несредена коса. Природна коса е полн погодок. Не се оптеретувајте со совршен изглед на косата и да фрлате пари, бидејќи разбушавена коса го привлекува мажот многу повеќе отколку совршено средена фризура.

Без шминка. Природен изглед е голем плус. Претерувањето со шминката во повеќето случаи на машките им е одбивно.

Заоблено стомаче. Машките воопшто не го забележуваат тоа што вие го мислите, тоа дека вашиот стомак треба да биде рамен. Не треба! Нив им се допаѓа баш вашиот мал, мек стомак.

Брчки. Неколку брчки на вашето лице речиси на секој маж ќе му бидат привлечни. Тие ги покажуваат вашето искуство и зрелост. Не треба да се срамите од нив.

Стапала. Негувани нозе се голем плус. Се` повеќе мажи баш големо внимание посветуваат на женските стапала. Искористете го тоа!

Неизгорено подрачје кај костимот за капење. Изгорената кожа е привлечна, ама попривлечна е онаа неизгорена која костимот ја заштитил од сонце. Повеќето машки го сакаат тој контраст на бои.

Долга сукња. Сукњата која се лелее околу вас и ги крие нозете (иако ги видел многу пати) секогаш е повторно добар поттик за неговата фантазија. 

Очила. Диоптриски очила во тинејџерски години можат да бидат прав кошмар за девојките, ама како растат така учат како да ги претвораат во прав моден додаток. И машките сметаат дека жените со очила изгледаат уште по секси.

Добар апетит. На машките им е тешко да ги разберат жените кои се на диета и внимаваат што и колку јадат. Здравиот апетит и подготвеност за пробување различна храна пред него е доказ за вашата самодоверба и тој ќе знае да ја цени.



No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...