loading...
Оние кои живеат или имаат роднини во селата, веројатно веднаш можат да го препознаат поздравото јајце, односно домашно или органско јајце.
Се разбира, домашните кокошки се разликуваат од оние органски одгледувани. Во хранењето кокошки во органски фарми нема хемиски компоненти ни хормони, немаат ни ограничени услови на движење.
Кокошки во конвенционалното производство се затворени во кафези, а и често се хранат со концентрат.
Органски жолчки од јајце, генерално се многу посилни, со потемни бои (на сликата, првото јајце), вклучувајќи се што ќе подготвите од нив (штрудли, пити, пченкарен леб, колачи) имаат јасно жолта боја. Ама органската или жолчката од јајце од кокошка од селата може да биде посветла, бидејќи самата боја на жолчката зависи од видот на исхраната. Ако кокошката се храни со пченка и шетка по дворот има поголема веројатност нејзината жолчка да биде потемна. Но, ако се храни само со пченка и не шетка, бојата на жолчката ќе биде посвтла.
Без оглед на бојата, локални и органски јајца се богати со бета-каротен и омега-3 масни киселини, имаат поголема количина на витамин А, Б и Е.
- Ако имате намера да купите органски производи, претходно би требало да имате пристап до сертификатот, како и да знаете со што се хранела кокошката која ги несела тие јајца. Органски јајца се дефинитивно поздрави од конвенционалните, кои ги купуваме во супермаркетите, а покрај тоа што не содржат хормони и антибиотици и нивната хранлива вредност е повисока - велат нутриционисти.
Ако одлучите сами да одгледувате ваши кокошки, претходно треба добро да се информирате, да им дадете повеќе простор, да ги храните со свежо зеленило (што потемна трева, толку подобро), спанаќ, кељ и брокула, а во зима пченка.
No comments:
Post a Comment