Monday, March 6, 2017

8-ми март, празник на мајката (права на жената)

loading...


  Во бројни праисториски култури, улогата на жената била обработка на земја и припитомување на животни, додека мажите оделе во лов.
  Со настанокот на патријархалното општество главна задача на жената била грижа за децата, а мажот бил задолжен за издржување на семејството. Во патријархалното општество жената работела само ако тоа било потребно за преживување на семејството. Во тоа општество, жените немале право на глас, образованието им било ограничено на читање и пишување, рачна изработка, грижа за децата, а за нив се сметало дека се неспособни да се грижат сами за себе.  
  Во 19-ти век, доаѓа до создавање на Феминизмот чиј преетставник била Клара Четкин. Жените феминистки барале потполна еднаквост на жената со мажот. Најголема препрека во тоа движење биле предрасуди. Жените барале да се отфрли идеалот за жена домаќинка. По I светска војна некои работи почнале да се менуваат пополека. Се` повеќе жените активно учествуваат во општествениот, економски и политички живот на една држава. Во некои држави жената е претседател, или има други важни политички положби. 
  Меѓутоа во некои афрички земји сеуште постои патријархално општество каде што постои семејно насилство, мажите одлучуваат за судбината и животот на жената, човечките права на жената се кршат.
  Затоа 8-ми март е меѓународен празник на жената и се слави од 1910 година. Тој ден се слави економската, политичка и социјална еднаквост на жената.
  


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...