loading...
СОСТОЈКИ ЗА ЕКЛЕРИТЕ
- ½ шолја млеко
- ½ шолја вода
- 6 лажици путер
- 1 лажица шеќер
- 1 шолја брашно
- 5 жолчки
- малку сол
ПОДГОТОВКА НА ЕКЛЕРИТЕ
- На средна температура загрејте ги млекото, водата, путерот, шеќерот и солта. Штом путерот се растопи, додајте го брашното и мешајте да се соедини смесата. Тргнете ја смесата од оган.- Разбијте ја смесата со миксер. Додавајте ги жолчките една по една додека миксирате.- Премачкајте плех за печење со масло. Со помош на шприц ставајте од смесата на „купчиња“.- Печете 10-15 минути на 220-250°C, а потоа намалете ја температурата на 170-200°C и продолжете да печете уште околу 20 минути. Извадете ги од рерната и пресечете ги внимателно.
СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ КАРАМЕЛ
- 1 шолја шеќер- ¼ шолја вода- 2 шолји млеко- ⅓ шолја густин- 4 жолчки- 1 лажица путер- ванилин шеќер
ПОДГОТОВКА НА КРЕМ КАРАМЕЛ
- Во тенџере ставете ги водата и шеќерот да зовријат на средна температура (околу 10 минути). - Течноста треба да добие румена боја. Тргнете ја настрана, додајте го млекото и повторно вратете ја на оган за да зоврие.
- Во одделен сад измешајте 4 лажици шеќер со густинот и додајте ги жолчките. Миксирајте за да се соединат. Во него додавајте малку од шербетот и миксирајте. Таа смеса налејте ја во тенџерето со шербетот.
- Вратете го тенџерето на оган уште 3-4 минути и додајте го путерот и ванилата. Штом е готово, оставете го да се излади. Покријте го со капак и ставете го во фрижидер.
- Во секој од еклерите ставете од кремот, а по желба и лешници. Еклерите можете да ги премачкате со путер чоколадо растопено во малку млеко. Исто така, можете да направите шлаг од преостанатите белки + ванилин шеќер. За декорација можете да искористите лешници и рендано чоколадо.
No comments:
Post a Comment