loading...
По обилните празнични трпези, доаѓа време кога треба да се согорат вишокот калории. Со овие неколку лесни вежби спремете се да заведувате со тонирани и цврсти раце во текот на долгите летни денови.
ВЕЖБА 1:
Застанете во позиција за склекови. Подигнете го задникот кон таванот и со левата рака посегнете кон десното стапало. Потоа, кревајте ја левата рака нагоре и со полукружно движење насочете ја кон задниот дел од десната нога. Повторете ја вежбата и со десната рака.
ВЕЖБА 2:
Застанете во позиција за склекови. Дланките поставете ги под рамената, а телото нека ви биде во права линија. Спуштајте ги градите кон подот, но внимавајте при спуштањето лактите да формираат „стрела“, односно да бидат насочени наназад.
ВЕЖБА 3:
Застанете во планк позиција. Дланките нека ви лежат подот, а да бидат насочени нанапред. Подигајте го задникот нагоре, додека го спуштате предниот дел надолу, но внимавајте нозете да ви бидат исправени. Вратете се во првобитната позиција.
ВЕЖБА 4:
Застанете во планк позиција, подлактиците нека ви лежат на подот. Потоа користејќи ја десната рака подигајте го телото нагоре додека двете раце не ви бидат исправени. Повторете ја истата вежба, подигајќи се и со левата рака.
ВЕЖБА 5:
ВЕЖБА 6:
Легнете на стомак на подот и подигнете се на рацете. Одлепете ја десната дланка од подот, со неа допрете го левото рамено и посегнете кон таванот. Направете го тоа неколку пати со десната рака, а потоа преминете на другата страна.
ВЕЖБА 6:
Легнете на стомак на подот. Подигнете ги рацете и нозете нагоре во поза „супермен“. Истовремено подигајте ги десната нога и левата рака колку што можете погоре, а потоа истото направете го со левата нога и десната рака.Совет:
Секоја вежба се повторува во период од 30 секунди и одмор од 5 секунди помеѓу вежбите.
No comments:
Post a Comment