Wednesday, January 25, 2017

Намирници за Прочистување на Крвните Садови

loading...

Крвните садови се тубуларни структури преку кои се транспортира крвта до ткивата и органите. Во зависност од тоа каква крв пренесуваат, разликуваме артерии и вени. Артериите се крвни садови кои ја пренесуваат крвта богата со кислород, за разлика од вените кои ја пренесуваат крвта со јаглероден диоксид.

ЛУК
Најпознатиот чувар на здравјето на крвните садови е лукот. Лукот го намалува нивото на ЛДЛ (лошиот холестерол) во крвта и спречува создавање на масни наслаги во крвните садови. Најновите истражувања покажуваат дека благодарение на супстанции кои се ослободуваат при дигестија на лукот, како што е водород сулфидот, крвните садови се релаксираат и со тоа се зголемува крвниот проток.

МАСЛИНОВО МАСЛО
Поради есенцијалните масни киселини, маслиновото масло успешно го намалува нивото на лош холестерол и го покачува нивото на добар холестерол. Дополнително, малиновото масло е богато со антиоксиданси и полифеноли, супстанции кои спречуваат создавање на масни наслаги во крвните садови.

БАДЕМИ
Овие јаткасти плодови кои изобилуваат со незаситени масни киселини, помагаат во регулирање на холестеролот. Освен тоа, бадемите се богати со магнезиум, кој спречува создавање на масни наслаги на крвните садови.

ЛЕНЕНО СЕМЕ
Лененото семе е еден од најдобрите извори на алфа-линолеинска киселина (омега-3 масна киселина). Со помош на омега-3 масните киселини се намалува крвниот притисок и се прочистуваат крвните садови од масните наслаги, па затоа не заборавајте во следниот оброк да го вклучите лененото семе.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...