loading...
Cите обожаваме да се шминкаме и да изгледаме совршено, но колку што е важно да се грижиме за себеси, подеднакво важно е да се грижиме и за нашите алатки.
СО ШТО МОЖЕТЕ ДА ГИ ЧИСТИТЕ ЧЕТКИТЕ?
Најдобро е да користите бебешки шампон, но не е проблем да користите и обичен шампон. Во мал сад измешајте малку шампон со млака вода. Откако ќе се раствори шампонот, потопете ги четките и мешајте со нив низ растворот. Масирајте ги четките нежно со прстите. Најголем дел од жените го користат овој метод за чистење, затоа што е наједноставен.
СОВЕТИ:
- - На почетокот ставете ја четката под млаз вода, за да се отстрани поголемиот дел од остатоците од шминка. Внимавајте да не ја водените рачката и четката да биде насочена надолу за влакната да останат во правилна положба.
- - Откако ќе ја исчистите четката со некој од растворите и ќе ја измиете со млака вода, нежно притиснете ја за да се исцеди водата. Во овој момент со прстите измазнете ги влакната за да не се изгуби првобитната форма.
- - Легнете ги четките да се сушат на сува крпа или кујнска хартија.
- - Поставете ја крпата со четките на работ на маса или покрај мијалникот, за четките да висат, а не да останат сплескани на крпата.
- - Оставете ги четките да се сушат природно. Потребни се околу 10-12 часа.
No comments:
Post a Comment