Sunday, January 15, 2017

Карактерот Според Денот на Раѓање

loading...



Понеделник
Со понеделник владее Месечината, а според народните преданија, во годината постојат само три понеделници кои се сметаат за несреќни – првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот понеделник во декември. Бидејќи Месечината е променлива, и луѓето родени на овој ден се такви, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. Во животот им е важно да имаат цврсти темели, како што се семејството, пријателите и партнерот од кои ја црпат својата енергија.

Вторник
Вторник го добил името според планетата Марс, кој според римските верувања е бог на војната. Затоа на луѓето родени на овој ден, Марс им носи голема сила, борбен дух и упорност да ги остваруваат своите цели. Сепак, под влијание на оваа планета, тие се немирни личности и склони кон нервоза.

Среда
Среда го добила името по планетата Меркур, римскиот бог на трговијата, патувањата и гласник на боговите. Според тоа, луѓето родени на овој ден се обдарени со интелигенција, елоквентност и големо влијание врз другите. Сепак, имаат наследено и одреден немир и љубопитство заради кои постојано им се потребни предизвици за да можат да функционираат.

Четврток
Со четврток владее Јупитер, кој во митологијата е бог на грмотевиците и дождот. Тој е симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор, со кој се одликуваат луѓето родени во четврток. Тие имаат силно изразена потреба за слобода и независност, па ретко се задржуваат долго на едно место.

Петок
Петок е ден на планетата Венера, симбол на убавината, љубовта и благосостојбата. Луѓето родени на овој ден се под влијание на Венера и затоа се сензибилни и уметнички типови. На некој начин, тие живеат во свој свет, а склони се кон идеалистички поглед на светот и романтично фантазирање. Ја сакаат и цената убавината, па се трудат да го исполнат својот живот со што повеќе убавини.

Сабота
Сабота е ден на планетата Сатурн, кој во римската митологија е бог на земјоделството и жетвата, како и син на мајката Земја. Луѓето родени на овој ден имаат особини како практичност, рационалност и зрелост. Тие се зрели уште на млада возраст и сакаат да планираат. Тешко ги поднесуваат промените заради сомнежите во себе, но тие всушност им се многу корисни.

Недела
Овој ден е под влијание на Сонцето, а според древните начела, се смета за прв ден во неделата. Според народите верувања, недела е многу среќен ден за раѓање деца. Луѓето кои се родени во недела се харизматични, ведри и оптимистички. Тие се во вечна потрага по нешто различно и не се покоруваат на нормите. Сепак се стабилни, и најчесто ги следи среќа во животот.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...