Sunday, January 15, 2017

Домашен Третман за Лице

loading...

Во овој период од годината кожата е особено подложна на пукање и оштетување, црвенило и лупење. Време е за едноставен домашен третман кој ќе ја ревитализира кожата, правејќи ја нежна, но истовремено затегната.

Но не секогаш мора да потрошите цело богатство со цел да се ослободите од несаканите појави на вашето лице и тело. Кога подобро ќе размислите, сите состојки кои ви требаат за успешно да се справите со овие непријатности, веќе ги имате во својот дом, само треба правилно да ги искомбинирате.

СОСТОЈКИ
- 1 белка од јајце
- ½ лажица маслиново масло
- 1 мала лажица сок од лимон


ПОДГОТОВКА:
- Измешајте ги сите состојки додека не добиете еднолична смеса. Нанесете ја на претходно добро исчистено лице и на вратот, размачкувајќи со прсти или со четка. 
- Оставете ја маската да делува 15-20 минути, додека не почувствувате затегнување, а потоа добро измијте го лицето со млака вода.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...