Thursday, January 19, 2017

Детството некогаш и сега

loading...

Дефиниција за деца нема, но сите велат дека тоа е најубавото нешто што може да му се случи на еден човек.

Ако сте биле еден од оние кој родителите го „лажеле“ на најразлични начини за да направи или не направи нешто тогаш сигурно ова ќе ви се допадне и барем за миг ќе ве врати во детството.
НЕКОГАШ
- „Немој да пееш додека јадеш, ќе земеш маж/жена циган/ка“; 
- „Штркот ги носи бебињата“; 
- „Дедо Мраз влезе преку оџакот и ти го остави подарокот под елка“; 
- „Јади го крајчето од лебот за да те сака бабата/свекрвата“; 
- „Ако не си мирен ќе те дадам на старо купувам“; 
- „Ако лажеш ќе ти порасне носот како на Пинокио“; 
- „Кога ќе паднеш секогаш и секоја рана ќе ти помине за толку дена колку што имаш години“; 
- „Ако не спиеш ќе излезе баба рога од плакарот и ќе те однесе“; 
- „Ако те прескокне некој нема да пораснеш“; 
- „Ако пиеш кафе ќе ти порасне опашка“; 
- „Исчисти си ја собата на 31 декември, за да ти биде чиста цела година“; 
- „Ако лажеш значи и крадеш, вошки имаш и по тавани спиеш“. 

СЕГА
- „Пејте деца, без микрофон леб нема“; 
- „Дедо Мраз не постои, тато и мама ви ги купуваат подароците“; 
- „Само со лажење и умилкување ќе стигнете таму каде што сакате“; 
- „Пепелашка, Пинокио, Снежана и седумте џуџиња...веќе ги нема“; 
- „Ако не сакаш да ја јадеш манџата еве ти 100 денари купи си сендвич“; 
- „Нема потреба да си ја чистиш собата, куќната помошничка ќе го направи тоа“; 
- „Ако не си мирен, нема цел еден саат да ти дадам да седиш пред компјутер“. 

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...