Thursday, January 12, 2017

Чоколадна лава

loading...

Овој десерт е толку добар, што го сакаат дури и оние кои не се големи љубители на чоколадото. Одличен е за сите пригоди, а ние ви го пренесуваме рецептот за најдобрата и најлесната верзија на сите времиња!


СОСТОЈКИ
- 120g чоколадо за готвење
- 120g путер
- 1 шолја шеќер во прав (100g)
- 2 јајца
- 2 жолчки од јајца
- 6 лажици брашно

ПОДГОТОВКА:
- Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин. 
- Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото. 
- Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи. 
- Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки. 
- Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина. 
- Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“. 
- Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.

Рецепт на Ивана Божиновска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...