Monday, January 30, 2017

5 тврдења за чоколадата, митови или не?

loading...

 Тврдењата за чоколадата провлечени низ разговори со децении се прифаќале за точни, меѓутоа истражувањата или ги отфрлиле или никогаш не ги потврдиле. Кога се работи за чоколадата важи правилото:„Верувај, но проверувај.“
 Информациите во текстот се темелат на 300 гр. темна чоколада, со 70% какао и една лажичка какао во прав.

1. Поради чоколадата се расипуваат забите
Се разбира дека шеќерот е лош за забите, но не секоја чоколада содржи премногу шеќер. 30 гр. темна чоколада содржи околу 7 гр. шеќер, помалку одошто има во помала јаболка, додека лажицата какао во прав воопшто не содржи шеќер.

2. Од чоколадата се појавуваат акни
Всушност ниедно истражување не го потврдило тоа. Со децении чоколадата се поврзува со акните, без никаков цврст доказ, кој би ја прифатил или отфрлил таа теорија.

3.Чоколадата има висок процент на масти
30 гр. темна чоколада содржи околу 12 гр. масти (7 гр. заситени масти), ама какао во прав има малку масти. Лажица какао во прав има 1 гр. масти и воопшто нема заситени масти.

4. Во чоколадата има само празни калории
Повеќето чоколадни производи имаат во себе многу шеќер, меѓутоа темната чоколада има најголема концентрација на какао. 30 гр. темна чоколада ви дава 19% дневна препорачана доза на железо и 2,2 гр. протеини. Какаото е добар извор на магнезиум, фосфор, бакар и манган.

5. Чоколадата содржи многу кофеин
Ако сте осетливи на кофеин, треба да се напомене дека чоколадата го содржи овој стимуланс, ама во многу мала количина. 30 гр. темна чоколада содржи 22,4 мг. кофеин, а лажичка какао во прав содржи 12,1 мг. кофеин. За споредба, еден филџан кафе содржи 95 мг. кофеин.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...