loading...
И она е исплашена брат.
Ја повредиле некои изроди, и се и е измешано во срцето.
Сака да ти верува, да ти се фрли околу врат и да те направи своја оаза.
Сака да се стутка покрај тебе и онака да се напика во тебе целата.
Да ти се предаде.
Бара знак од тебе брат.
Бара знак дека не си како другите.
Дека нема да и станеш само уште една лузна.
Дека нема да и загорчиш.
И она сака да сака.
И да биде сакана.
Да ти припаѓа...
Да и припаѓаш.
Да дише сака бе брат.
Да дише повторно сака.
Драган Таневски
No comments:
Post a Comment