Tuesday, January 31, 2017

Лекување болести

loading...

Трпе им кажува на своите другари како ги лекува болестите: 
-За бубрезите пијам пиво.
-За варењето - бело вино.
-За низок притисок - црвено вино.
- За висок притисок - коњак.
Кога сум настинат малку чај со многу рум.
- Па добро бре, пиеш ли ти вода?
- Не, сеуште не сум имал болест која се лечи со вода.

Колач со јогурт и вишни

loading...

Состојки:
- 2 јајца,
- 1 пециво,
- 360 мл. јогурт,
- 180 мл. зејтин,
- 360 гр. брашно,
- 360 гр. шеќер,
- вишни по потреба,
- шеќер во прав.

Подготовка:
Се матат сите состојки, освен вишните. После 10 минути печење се додаваат вишните. Се пече на 200 степени, околу 45 минути. Кога колачот ќе се олади се посолува шеќерот во прав.



Рецепт на Благица Цветановска.

Уметност од шкорчиња

loading...

Ако мислевте дека шкорчињата може да ги искористите само за да запалите цирара, сте се излажале.


Креативноста кај луѓето нема крај, погледнете ги овие преубави уметнички дела направени токму од шкорчиња.









Monday, January 30, 2017

5 тврдења за чоколадата, митови или не?

loading...

 Тврдењата за чоколадата провлечени низ разговори со децении се прифаќале за точни, меѓутоа истражувањата или ги отфрлиле или никогаш не ги потврдиле. Кога се работи за чоколадата важи правилото:„Верувај, но проверувај.“
 Информациите во текстот се темелат на 300 гр. темна чоколада, со 70% какао и една лажичка какао во прав.

1. Поради чоколадата се расипуваат забите
Се разбира дека шеќерот е лош за забите, но не секоја чоколада содржи премногу шеќер. 30 гр. темна чоколада содржи околу 7 гр. шеќер, помалку одошто има во помала јаболка, додека лажицата какао во прав воопшто не содржи шеќер.

2. Од чоколадата се појавуваат акни
Всушност ниедно истражување не го потврдило тоа. Со децении чоколадата се поврзува со акните, без никаков цврст доказ, кој би ја прифатил или отфрлил таа теорија.

3.Чоколадата има висок процент на масти
30 гр. темна чоколада содржи околу 12 гр. масти (7 гр. заситени масти), ама какао во прав има малку масти. Лажица какао во прав има 1 гр. масти и воопшто нема заситени масти.

4. Во чоколадата има само празни калории
Повеќето чоколадни производи имаат во себе многу шеќер, меѓутоа темната чоколада има најголема концентрација на какао. 30 гр. темна чоколада ви дава 19% дневна препорачана доза на железо и 2,2 гр. протеини. Какаото е добар извор на магнезиум, фосфор, бакар и манган.

5. Чоколадата содржи многу кофеин
Ако сте осетливи на кофеин, треба да се напомене дека чоколадата го содржи овој стимуланс, ама во многу мала количина. 30 гр. темна чоколада содржи 22,4 мг. кофеин, а лажичка какао во прав содржи 12,1 мг. кофеин. За споредба, еден филџан кафе содржи 95 мг. кофеин.

Зошто треба да ставите неколку чкорчиња во саксијата со цвеќе?

loading...

Собните билки ја зголемуваат концетрацијата на кислород во просторот.

Но, не е реткост билката да почне да вене од необјасниви причини. За тоа може да допринесат ситните штетници и мушичките кои е многу тешко да ги забележите со голо око. 
За среќа, постои еден едноставен трик кој ви овозможува да се ослободите од овие штетници во саксиите. 
За негова реализација ви требаат неколку чкорчиња кои ќе ги боцнете во земјата на оддалеченост од околу 5 сантиметри од работ на саксијата. Потоа полијте го цвеќето со малку вода. 
По 2 дена, заменете ги чкорчињата и повторете ја постапката. За 4-5 дена цвеќето ќе биде ослободено од било какви штетници.

Ѕвезди кои оваа година полнат 50 години

loading...


Дојде 2017-та година, а за многу ѕвезди тоа значи дека ја доживуваат својата 49-та или 50-та зима.

Кои славни личности се родени во 1967-та година и оваа година полнат 50 години?

Џулија Робертс



Џејсон Статам



Никол Кидман



Вин Дизел



Карла Бруни



Sunday, January 29, 2017

Среќен

loading...



Трпана му зборува на едногодишниот син: 
– Да знаеш ти колку си среќен, си се наспа, стана, се најаде, си поигра, сега ќе се искакаш и пак ќе си легнеш… 
Од WC-то се јавува Трпе: 
– Епа што сакаш мори, недела е….

Saturday, January 28, 2017

Еклери со крем карамел

loading...


СОСТОЈКИ ЗА ЕКЛЕРИТЕ
- ½ шолја млеко
- ½ шолја вода
- 6 лажици путер
- 1 лажица шеќер
- 1 шолја брашно
- 5 жолчки
- малку сол

ПОДГОТОВКА НА ЕКЛЕРИТЕ
- На средна температура загрејте ги млекото, водата, путерот, шеќерот и солта. Штом путерот се растопи, додајте го брашното и мешајте да се соедини смесата. Тргнете ја смесата од оган.

- Разбијте ја смесата со миксер. Додавајте ги жолчките една по една додека миксирате.

- Премачкајте плех за печење со масло. Со помош на шприц ставајте од смесата на „купчиња“.

- Печете 10-15 минути на 220-250°C, а потоа намалете ја температурата на 170-200°C и продолжете да печете уште околу 20 минути. Извадете ги од рерната и пресечете ги внимателно.


СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ КАРАМЕЛ
- 1 шолја шеќер
- ¼ шолја вода
- 2 шолји млеко
- ⅓ шолја густин
- 4 жолчки
- 1 лажица путер
- ванилин шеќер

ПОДГОТОВКА НА КРЕМ КАРАМЕЛ
- Во тенџере ставете ги водата и шеќерот да зовријат на средна температура (околу 10 минути). - Течноста треба да добие румена боја. Тргнете ја настрана, додајте го млекото и повторно вратете ја на оган за да зоврие. 
- Во одделен сад измешајте 4 лажици шеќер со густинот и додајте ги жолчките. Миксирајте за да се соединат. Во него додавајте малку од шербетот и миксирајте. Таа смеса налејте ја во тенџерето со шербетот. 
- Вратете го тенџерето на оган уште 3-4 минути и додајте го путерот и ванилата. Штом е готово, оставете го да се излади. Покријте го со капак и ставете го во фрижидер. 
- Во секој од еклерите ставете од кремот, а по желба и лешници. Еклерите можете да ги премачкате со путер чоколадо растопено во малку млеко. Исто така, можете да направите шлаг од преостанатите белки + ванилин шеќер. За декорација можете да искористите лешници и рендано чоколадо.

Нешто повеќе за зборувањето

loading...

-Луѓето се плашат од човекот кој молчи, ама го презираат човекот кој многу зборува.

-Нека зборувањето ти биде подобро од молчењето или молчи.

-Кој зборува многу не може секогаш да зборува и добро.

-Кога немаме што да кажеме, ние се прекрстуваме.

-Устата не е само за јадење, туку и за зборување.

-Оние кои умеат да зборуваат, ретко зборуваат.

-Кога му зборуваш на човекот, гледај го во очи, кога тој ти зборува тебе, гледај го во уста.


Тепање

loading...




Малиот Трпе му раскажува на Цветко: 
– Вчера тато ме тепаше два пати! 
– А зошто два пати? 
– Првиот пат ме тепаше кога му ја покажав книшката полна со единици, а вториот пат кога сфати дека тоа е неговата книшка кога одел во школо…



Friday, January 27, 2017

Новата колекција на Balmain

loading...

Оливие Рустан, креативниот директор на Balmain, е обожаван од модните ентузијастки. Во изминативе сезони тој успеа да го издигне францускиот бренд меѓу најпопуларните и најозборуваните, за што добива силни аплаузи.































Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...