Sunday, November 20, 2016

Принцес крофна

loading...

Состојки:
-250 мл.вода
-100 гр. зејтин
-сол
-7 супени лажици брашно
-1/2 прашок за пециво
-6 -7 јајца (зависно од нивна големина)

За фил состојки:
-1250 мл. млеко
-9 - 10 супени лажици брашно
-13 - 14 супени лажици шеќер
-250 мл. вода
-2 кеси ванила
- 1 пакување маргарин.

За декорација:
-шеќер во прав.

Подготовка:
-Водата се става на огин да зоврие до 200 мл. и потоа се става зејтинот и малку сол во прсти. Во брашното го ставаш пецивото и додека врие водата ги ставаш заедно внатре, се мати убаво се заедно (да се измати без да има згрутчувања, може и со миксер во меѓувреме) и потоа се трга тенџерето од огин и се остава да се олади. Јајцата се ставаат едно по едно во смесата и се матат убаво. Додека се меси смесата се вклучува шпоретот на 200 степени. Тавчето се премачкува со зејтин и на него со супена лажица се пуштаат една по една пувка од смесата. Потоа се става во рерната за печење и се остава 30 минути да се испечат. Во меѓувреме не се отвора рерната никако, за да не се спласне смесата.
-Брашното и шеќерот се матат заедно, додека млекото да зоврие на огинот.Потоа на брашното и шеќерот им се додава и водата (од водата ставаш со лажица по малку). Во млекото додека се вари му додаваш ванила и маргарин.На крај се става и смесата од брашно, шеќер и вода во млекото (се мати со метална лажица со дупчиња) и кога кремот ќе биде густ (за 10 минути) се трга од огин и се мати со миксер се додека не биде пена.
-За тоа време смесата печена во тавчето се оладила. Се сече секое парче со нож и со супена лажица се пополнува со кремот и се става на долгнавест плиток сад. На крај се посолува со шеќер во прав преку цедалка и принцес крофните се спремни за послужување.




Рецепт на Благица Цветановска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...