loading...
-Најдобро е секое утро пред миење на забите или пред пиење на која и да е течност да земете ладно цедено сончогледово масло поголема голтка и потоа да жабуркате во устата 12-15 минути, додека течноста не стане густа и слузеста, а потоа исплукајте. Додека го правите тоа, внимавајте да не го голтнете маслото кое веќе ги има повлечено токсините од крвта.
-Зеолитот ставете го во пластични чашки со капаче или во шишенца а потоа ставете под креветот, покрај телевизорот и вај-фај предавателот, покрај грејните тела...
-Исцедете еден лимон во половина литар топла вода и испијте го. Најдобро е така да го започнувате и да го завршувате денот.
-Алтернативната медицина препорачува во чашата со топла вода и исцеден лимон, наутро, да се додаде и половина лажиче сода бикарбона.
-Покрај исхраната богата со хлорофил и физичката активност, еден од најдобрите начини е да пиете течен кислород.
-Што се однесува до внесувањето и консумирањето масла, важно е да ги ставате во веќе готова храна, во салати, зеленчук варен на пареа или, на пр., во компири или модри патлиџани што можете да ги испечете во рерна без ништо.
-Што се однесува до зеленчукот и овошјето што можете да ги користите за цедење можете да ги користите следниве: морков, јаболка, брокула, спанаќ, цвекло, карфиол, свежа зелка, целер, лимон и тоа цел, со кора, портокал, ‘рдокви... Не мора да ги имате сите, но да има повеќе бои. Внимавајте секогаш да има зелено и важно е да имате добар соковник.
-Покрај цедените сокови, нужно е да се пијат и чаеви од билки, но важно е да се пијат млаки или топли.
-Секое свое туширање да го завршувате така што ќе ја завртите славината на студената вода и ќе броите до десет...
-Треба да одбегнувате се што е похувано, пржено, сите видови чипсови, запршки, вештачки зачини, вештачки напивки, сокови, вештачки сладоледи, брза храна, слатки и др. отрови.Посебно да се одбегнува ГМО. Што повеќе овошје и зеленчук во дневната ужина.
-Исфрлете ги дезодорансите. Користете кремови, шампони, регенератори, парфеми без парабен. Не можете да ги избегнете сите отрови, ама можете да ги намалите. Повеќето освежувачи на просторот се мошне опасни.
-Морате да ги исфрлите амалгамските пломби и да ги проверите сите полнети канали на забите. Многу е важно да ги исфрлите од употреба пастите за заби со флуор. Во аптеките можете да најдете пасти без флуор.
-Стресот е еден од најголемите предизвикувачи на болести. Потребно е и исцелување на душевните и емотивните болки. Чувството на несреќа, незадоволство, самотија, предавство, е магнет за привлекување на физичките болести...
-Прошетката и десетминутното сончање - се разбира, не на сонце што пржи - ги препорачуваат сите лекари.
-Недостатокот од сон нужно води во болест. Спиењето и сонувањето се дел од процесот на превентивна нега.
No comments:
Post a Comment