Wednesday, November 30, 2016

Заблескајте на Новогодишната ноќ

loading...





















Мажот и жената

loading...


Жената со краток фустан ги мие прозорците на станот, а мажот лежи на креветот со телефонот в раце. По кратко време ѝ вели:
– Слегувај веднаш од таму!
– Зошто?
– Веќе те гледам на Мотика како ги миеш, но од друг агол…

Збир -виц

loading...


Еден Французин – женкар, двајца – дуел, тројца – револуција.
Еден Италијанец – музичар, двајца – пицерија, тројца – синџир ресторани.
Еден Германец – нацист, двајца – фабрика, тројца – војна.
Еден Евреин – продавница, двајца – корпорација, тројца – банка.
Еден Албанец – слаткар, двајца – чета, тројца – мафија.
Еден Грк – геј, двајца – брак, тројца- геј парада.
Еден Македонец – пијаница, двајца – скандал, тројца – политичка партија.

Лекување на камен во бубрег со чај од билки

loading...

-Ви се случило да имате болки во пределот на бубрегот кој се шири по должината на одводната мочоводна цевка до препоните? Со болките чувствувате мачнина и нагон за повраќање? Тоа се симптоми на бубрежни камчиња кои се создаваат од отпадните материјали и соли кои се наоѓаат во урината. Каменот во бубрег најчесто ги погодува мажите на возраст од 25-45 години. Камчињата кај деца и луѓе до 45 години најчесто се јавуваат главно во мочниот меур. Се јавуваат ненадејно, предизвикани од возење по неправилен пат, кога човекот трча или скока. По секоја жестока болка при мокрењето на крајот има малку крв, а понекогаш целата урина е крвава бидејќи каменчето го оштетило одводниот канал...

-Чај што може да помогне: 40 гр. килавица, 40 гр. мечкино грозје, 40 гр. зајачки трн, 30 гр. шипинка, 30 гр. листови од бреза, 30 гр. ајдучка трева и 20 гр. коприва. Тревите добро се ситнат и се мешаат. Во 2 л. вода преку ноќ, се намокрува 8 лажици од мешавината. Наутро се става на тивок огин и кога ќе проврие се држи на огин 1 минута. Се оладува поклопено, се процедува во шишиња и се додава свеж сок од еден лимон. Чајот се пие наместо вода со тоа што треба да се испие најмалку еден и пол литар дневно. Храната се подготвува со што помалку сол, чорбеста, лесно разварена и се јаде млака. Не се пие свежа вода туку најнапред се проврива и се остава да се излади па тогаш се пие. Се забранува пиење на минерална газирана вода.

-За лекување на песок во бубрези може да се употреби и следниот чај: 60 гр. листови од бреза, 60 гр. пиревина, 40 гр. коњско опавче, 40 гр. шипинки и 20 гр. тимијан.

Tuesday, November 29, 2016

Цитат на денот

loading...

Бабини рецепти за зајакнување на срцето

loading...

Болести на срцето се повеќе разни пореметувања и заболувања. За успешно лекување потребно е да се познаваат симптомите и како да се лекува пациентот. Лакарот - специјалист кардиолог ја поставува точната дијагноза и начинот на лекување, а мора да го контролира и конзумирањето на помошните лековити билки.

-Во рок од 3 дена се јаде 10 главици кромид дневно во вид на салата, зачинето со лимонов сок, масло и мед.

-Се меша еднакви делови цвет од трнинка и мед, се остава така да стои 3 дена, а потоа се зема 2-3 лажици на ден.

-Се зема 5 гр. лист од жалфија и кора од 1 портокал, се прелева со 150 гр. врела вода и се остава поклопено 25 минути, се процедува, се додава лажица мед и лажица рум. Се пие пред спиење. Во диетална исхрана се користат свежи плодови, сок или компот од круши.

-Во шише од 1 л. се става 200 гр. исечкан лук, се прелива со јака ракија или 60% алкохол, се затвора и се остава да стои 15 дена. Се зема по 20 капки на коцка шеќер 3 пати на ден.

-Редовно се зема чај подготвен од десетина мали гранчиња мајчина душица на литар вода. Се зема по 3-4 шољи од овој чај дневно.

-Во 12 л. бело вино се става 1 кг. маточина, се вари 10 минути, се остава да се олади, а потоа се пие на секој час по 1 лажица или мала шоља. 

Вицотека 11

loading...



-Срц како да се сликам да не испаднам дебела?
-На рентген, душо!



-Која е разликата меѓу Black Friday во Америка и кај нас во Македонија?
-Во Америка се купува, а кај нас „се разгледува“.



-Колку е шалов?
-7000.
-Ееее де бе, вградени греачи да не има?



-Мајсторе, телевизорот тон има – слика нема. Што може да биде?
-Може да биде радио...



-Колку чини овој мирис?
-Кој?
-Овој од Антонио Бандерас?
-50 евра.
-Ок, а имате ли од Сашко Коцев?



-Спомените никој не може да ти ги земе.
-Алцхајмер може се.

Monday, November 28, 2016

Како да се справите со зголемен крвен притисок и низок крвен притисок

loading...

-За зголемен крвен притисок:
*100 гр. цвет од глог,
*100 гр. лист маточина,
*40 гр. лист од бреза,
*40 гр. корен од валеријана.
Сите состојки добро се мешаат... 
Начин на употреба: 2 лажици од билките се залеваат со 400 мл.врела вода. Се пие по 100 мл. чај пред јадење 3 пати дневно.
 Се препорачува да се јаде по 3 чешниња лук секоја вечер.


-За низок крвен притисок:
*100 гр. стебло од видец,
*50 гр. водна мента.
Начин на употреба: 2 лажици во 500 мл. вода да вријат 5 минути. Се пие по 100 мл. чај пред јадење 4 пати дневно.
Препорачано е конзумирање на моркови, зелка, кафе и чај.

Карамел ролат

loading...

Состојки за пандишпан:
-5 јајца,
-5 лажици шеќер,
-5 лаж. брашно,
-5 лаж. мелени ореви.

Состојки за фил:
-250 гр. шеќер,
-250 мл. млеко,
-1 чоколада за готвење,
-100 гр. маргарин,
-100 гр. мeлени бисквити,
-100 гр. мелени ореви,
-1 лажица рум.

Подготовка:
-Се матат белките во цврст беланец, се додаваат жолтките. Откако ќе се измати пандишпанот се додава брашното, лажица по лажица и на крај мелените ореви со дрвена или пластична лажица се меша додека не се изедначи смесата. Се става во правоаголен плех обложен со хартија за готвење и се става смесата. Се пече на 200 степени околу 30 минути.
-Се готви млеко и шеќер заедно на огин за да се добие карамел. Во врелата смеса се додава чоколада и маргарин. Се меша за да се соедини смесата и кога ќе се олади се додаваат мелени бисквити и мелени ореви и 1 лажица рум. 
-Печениот пандишпан се витка во мокра кујнска крпа откако ќе се премачка со филот (се остава и за одозгора да се премачка). 
-Со растопената чоколада се попрскува целиот ролат. По желба може и со слатка павлака да се украси.





Рецепт на Благица Цветановска

Sunday, November 27, 2016

Цитат на денот

loading...



Чај кој одговара на хороскопскиот знак водолија

loading...

-Овој хороскопски знак или јаде или не, зависно од неговото расположение. Сака нови и егзотични јадења. Има бавна венска циркулација и затоа често му е ладно. 
Ваков чај може да го активира крвотокот:
* 30 гр. камилица, 
* 30 гр. коприва,
* 30 гр. невен.
 Се остава да стои 15 минути и се пие по 2 шољи дневно, на празен стомак.

Домашен лек за зуење во ушите

loading...

-Може да биде од: слабеење на слушниот нерв, старост, провев, голема бучава, зголемен крвен притисок или пак да е наследно стекнато. Болеста се изразува со трајни шумови во ушите и осетно намалување на слухот. 

-Овој чај може да помогне: 30 гр. лист и цвет од маточина, 30 гр. лист и цвет од планинска чубрица, 30 гр. цвет од глог и 20 гр. лист од маслина. Тревите се ситнат. Во 2 л. зовриена вода се ставаат 15 гр. од мешавината да преноќи. Наутро се додава 4-5 лажици мед и на тивко се вари 1 мин. Се стине постепено поклопено, по што се цеди и додава 1 дцл. свеж сок од 1 лимон. Се меша и пие на секои 2 часа. 

-Се прави и компот од суви смокви и суви сливи, без засладување. Смоквите и сливите се јадат, а течноста се пие наместо вода. Се избегнува се што ги нарушува нервите и слухот.


Зуење во ушите поради  зголемен крвен притисок
-Оваа појава може да се појави посебно кај повозрасните лица. Штом се намали притисокот ќе престане и зуењето. Освен лекот што треба да се зема за зголемен крвен притисок, треба да се пие по 1 дцл. млак чај од мешавина на еднакви количини лист од маслина, глогов цвет и лист и цвет од мајчина душица, двапати дневно. Студениот чај се пие со додаток на 1 лажица сок од лимон.  

-Може да се проба и следниот рецепт: на врела рингла се става малку сув милодух. Со хартиен фишек се насочува димот кон увото.Така 4-5 минути.

Saturday, November 26, 2016

Цитат на денот

loading...



Чај кој одговара на хороскопскиот знак Јарец

loading...

-На овој хороскопски знак не му е многу важно јадењето. Работата му е поважна па често е во грч, загрижен, а тоа негативно делува на неговото варење.
Ваков чај може да му помогне:
* 10 гр. липа,
* 10 гр. матичњак,
* 10 гр. лист од портокал.
Во 1/4 л. врела вода се става лажица од оваа мешавина. Се остава чајот да отстои и се пие  меѓу оброци.

Светски лекови во вашата кујна

loading...

-Италијански лекови
 Против кашлање
* Половина шоља шипинки, половина шоља сок од ананас или портокал, 3 лажици мед и 2 лажици сок од лимон. Се зема 1-2 лажици пред спиење за да ја ублажите кашлицата. Се користи и за колачи, пудинг креми и сладолед.

-Ирски лекови
Против настинки
* 6 лимони, 4 портокали, половина дланка семки од сончоглед, 3 шољи шеќер, 3 корени од ѓумбир и 3 л. вода. Од лимонот и портокалите се прави сок кој се чува во фрижидер. сите останати состојки се ставаат во лонец и се варат 1 час. Се остава преку ноќ. Утредента се додава и сокот од лимонот и портокалот. Се пијат 2-3 шољи на ден.

Против грип, голема и магарешка кашлица
* 2 кг. кромид, 1 кг. мед, 1/2 кг. кафеав шеќер и 5 л. вода. Сите состојки се варат на тивко 3 часа. Се земаат 4-6 лажици дневно.

-Полски лекови
За заздравување од настинки
* Половина шоља мед, 1 лук мелен, 1 лажица рен. Се зема по потреба 1-2 лажици.

-Кубански лекови 
Против кашлање
* 1 шоља сок ос црвена детелина, 2 шољи мед, сок од 2 лимона. Сокот од детелината и медот се варат заедно, се додава сокот од лимонот. Се става во шишиња и добро се затвора. Се зема 1-2 супени лажици, повеќе пати дневно, по потреба.

За освежување на устата
* Сок и цвет на млади листови на лаванда делува на непцата и ја чисти и освежува устата.

-Арапски лекови
Против кашлање
* 1 излупен лимон, 2 дланки семки од лен, 1 л. вода, мед. Сето тоа се вари заедно 4 часа на тивко, но да не врие. Се лади и се цеди. Се зема по 1 лажица 4 пати дневно додека престане кашлањето.

Против воспаление на грлото и непцата
* 2 лажици црни рибизли се мешаат во 2 шољи врела вода 10 мин. Се цедат. Се става 1 лажица мед и кафен шеќер. Се пие по потреба. Во Либан овој рецепт не се лади, а со мешавината се испира устата. Палестинците во оваа течност задолжително ставаат цимет.

-Лекови на американските индијанци
Против астма
* Се зема 1 јајце во винска чаша и одозгора се става сок од лимон. Се остава да отстои 12 часа по што лушпата ќе стане мека. Лушпата се отстранува и се мати со белка од јајце и жолтка. Се додава мед онолку колку имало сок од лимон и се остава да се свари. Добро е да се зема по 1 кафена лажица наутро и навечер.

-Кинески лекови
Против белодробни заболувања
* 1 шоља инула (корен од бел оман), 1 шоља ливадски мед и 1 шоља вода. Се вари во чајник до вриење. Кога се намали температурата се вари додека коренот на инулата не омекне, се цеди и се става во шишиња. Се зема по 1 лажица на секои 4 часа.

-Цигански лекови
Против воспаление на грлото
* 1 белка од јајце, 1/2 л. ружина вода, 4 лажици сок од праз, 20 капки алкохол и 1/2 кг. мед. Белката се мати со водата од рози, по што се додаваат останатите состојки. Со ова се испира грлото.


Friday, November 25, 2016

Цитат на денот

loading...

Чај кој одговара на хороскопскиот знак Стрелец

loading...

-На овој хороскопски знак му е потребно преку здрава исхрана да го сочува црниот дроб здрав.
-Ваков чај му е потребен: 
*20 гр. корен од јасен, 
*20 гр. цвет од камилица,
*20 гр. мајчина душица. 
Во 1 л. вода 5 минути се варат 4 лажици од оваа мешавина. Се пие 2-3 пати дневно.

Домашни лекови против воспаление на белите дробови

loading...

-Секој ден да се јаде по еден портокал или грејпфрут или да се пие лимонада од свежо исцеден лимон засладена со мед;

-Чај од листови малина на кој е додадена лажичка црвена пиперка во прав може да се пие секои 4 часа (200 гр. листови на половина литар вода);

-Сок од лимон со цимет е многу ефикасно средство за гаргара и носи големо олеснување;

-Сок од 2 лимони се меша со 200 гр. мед и се зема по 1 лажица 3 пати на ден или по лажичка на секој час;

-Се пие сок од капини или чај од лист и корен од капина;

-Три пати дневно се пие по една шоља сок од ротква или во текот на денот да се испие коктел од 3 дцл. сок од морков и 2 дцл. сок од целер;

-Бањи во када со топла вода во која е ставена лажица јаболков оцет;

-Се пие врело млеко со мед и слатка павлака;

-Се пие млеко со мед, жолтка и лажичка растопен путер;

-Мешавина од еднакви делови иситнет лук и мед се зема 3 пати на ден по 1 лажица, со топла вода;

-Се џвака лукот, а кромидот се сецка и се става покрај постелата на болниот, бидејќи така се олеснува дишењето и се спречува ширење на инфекциите од туберкулоза;

-Се освежува лицето и се отвораат дишните канали со старата добра и корисна инхалација - чај од камилица, држејќи ја главата над тенџерето покриена со крпа;

-Се пие чај од шипинки кој е богат со витамин Ц засладен со мед;

-Се пие чај од кантарион, камилица, нане или црна рибизла;

-Се затоплува болниот од глава до глуждови, се прави топла купка со морска сол во која болниот ќе ги држи нозете.  

Вицотека 10

loading...



-Купувам чипс, го оставам на маса, мајка ми го отвора и и се дерам:
-ОСТАЈ ТОА, ЗА ГОСТИ Е
-Кој ќе доаѓа?
-Никој, ама да видиш како е.



-Вчера се вратив од Братислава.
-Аааа, и ја бев кај брат ми на слава, ама не те видов!?



-Do you speak English?
-Yes, шо требит?



-Ало Завод за вработување?
-Да.
-Кажете ми некој виц.
-Чекај дечко, работиме сега.
-Хахахха добар добааар.



-Зошто црногорец седи на клупа и плаче?
-Седнал на шајка па го мрзи да стане.



-Зошто умрел човекот?
-Од кај знаат зошто, имал закажано за на лекар за 2020 год.

Thursday, November 24, 2016

Како правилно да приготвите чај од билка

loading...

-Од секоја билка можеме да направиме: алкохолатура, тинктура, чај, прашок, масло, екстракти, сокови.

-Чајот т.е. уварок најчесто се подготвува од листови и цветови и тоа на различни начини: попарување, варење, проварување и налевање. Најчесто чајот се подготвува со попарување и тоа - 2 мали лажици од билката преливаме со 200 мл. врела вода, промешуваме и оставаме покриено да стои 10 минути (или поедноставно 2 мали лажици чај и пола литар врела вода). Така билката може да се процеди и да се пие. А за да биде повкусно за пиење може да се заслади со шеќер или со мед, по вкус. 

-Сите чаеви треба да се пијат 4-6 седмици  и тоа наутро пред јадење или по јадење. А чаевите со горчлив вкус не треба да се засладуваат бидејќи тогаш добиваат блуткаво - горчлив вкус.

-Кога подготвуваме чај употребуваме емајл или порцелан, никако садови со легиран челик, алуминиум и железо.

-Многу е важно и како се пие чајот. Тој не се пие брзо туку полека и во помали голтки. Најдобро е барем половина час пред јадење, така состојките на билката полесно и максимално се апсорбираат од органите и нема мешање со храната.

- Чајот секогаш се подготвува свеж, освен кога ни треба 1 шоља за цел ден. Ако треба да се пие 1/2 или 1 л. чај во текот на денот, го приготвувате наутро, го процедувате во термос или стаклен сад и го пиете по потреба.

Цитат 14

loading...

Цитат 13

loading...

Цитат 12

loading...

Цитат 11

loading...

Wednesday, November 23, 2016

Чоколадни коцки

loading...

Состојки:
-4 јајца
-6 филџани шеќер
-3 филџани млеко
-2 филџани зејтин
-8 филџани брашно
-1 пециво.

За фил:
-30 лажици (500 мл.) вода
-15 лажици шеќер
-200 гр. чоколада
-1 ванила.

За декорација:
-кокос.


Подготовка:
-Се матат јајцата и шеќерот, се додава млекото, зејтинот, брашното и пецивото. Се пече во правоаголно тавче.
-Водата со шеќер се става да зоврие, а потоа се додава чоколадата и ванилата.
-Тортата се сече на коцки, се топи во филот и се туткаат во кокос.



Рецепт на Ивана Божиновска

Како подолго да ви траат хулахопките

loading...

  Ви се случило ли по излегувањето да забележите дупче настанато поради острите нокти или пак едноставно да сте се „закачиле“? Тоа може да стане голем проблем со обзир на ниските темератури во сезоната.

 Но, решението на овој проблем е многу едноставен:
1. Новите хулахопки натопете ги во вода и добро процедете ги.
2. Ставете ги во пластична кеса и оставете ги во фрижидер преку ноќ.
3. Утредента извадете ги и оставете ги на собна температура.

  На секој нов пар хулахопки потребно е само еднаш да го направите трикот. Потоа можете да очекувате хулахопките да ви траат подолго време.


Вицотека 9

loading...


-Добар ден. Ова ли е просторијата за лечење од турцизми?
-Бујрум.


-Уствари ако ти се расипани слушалките или кочи компјутеро, Васка Илиева испаѓа мн. Добар рап пејач-„Су Судбо мо, моја моја, Су судби, судбино“.


-Бев во Хрватска.
-Преку Србија?
-Не, преку играорна.


Дошла баба кај доктор, и ја прашува:
-И бабо, каде те боли?
-И овде и дома.


-Како се викаш?
-Марија Магдалена.
-По баба ти?
-По двете баби.


Пијан битолчанец се враќа дома и жената го чека:
-Знајш колку е сато?
-Дванајсе без пет.
-Седум сабајле е, матуф.
-Дванајсе без пет колку е а?

Tuesday, November 22, 2016

Проици

loading...

Состојки:
-250 гр. пченично брашно (бело)
-250 гр. пченкарно брашно (жолто)
-100 мл. зејтин
-150 мл. кисела вода
-100 мл. јогурт
100 мл. млеко
-2 јајца
-1 пециво
-сол по вкус
-сирење (или урда по желба)
-сусам.


Подготовка:
Се матат јајцата и се додаваат сите други состојки. Изматената смеса се става во тавче со модлици за проја подмачкано со маргарин нерастопен (оваа смеса е доволна за 12 прои). На крај се посолуваат со сусам и се ставаат во загреана рерна на 200 степени. Се пече 30 минути (или 45 мин. зависно од рерната). Се служат и топли и ладни.






Рецепт на Благица Цветановска


Monday, November 21, 2016

Цитат 10

loading...

Вицотека 8

loading...




-Колку за возачка дозвола?
-50 000.
-Добро бе, за кола ќе полагам не за вселенски брод.


-Тато слушај сега, дома имаш две крави...
-Ќерки сте ми немој така...
-Абе чекај да докажам... задача е!


-Докторе се ме боли...
-Колку години имаш?
-71
-Во бројот 1 е проблемот - што не е од напред.


-Како е вика ресенчанец што навива за Интер?
-Интересен.


-Шунка и сирење отишле на ренде ву.


Обама го прашува Путин:
-Знаеш ли ти дека е Македонија?
-Државата или народо?

Парени колачи (посни)

loading...

Состојки:
-4 мали филџани зејтин
-2 мали филџани пиво
-2  мали филџани гриз
-2 ванила
-1 пециво
-брашно по потреба.

За шербет:
-1/2 кг. шеќер
-1/2 л. вода
-1 ванила.

За декорација:
-кокосово брашно.

Подготовка:
-Со брашно, гриз, ванила, пециво, пиво и зејтин се замесува тесто. Да не биде ни многу меко ниту многу тврдо. Од тестото се прават бомбици со големина на орев. Се редат во тавче претходно намачкано со зејтин и се ставаат да се печат на 200 степени. Се печат додека не заруменат.
-Во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се ставаат на огин. Кога водата ќе зоврие се става и ванилата и се промешува. Кога е готов шербетот се трга од огин.
-Додека се топли бомбиците им се става шербет. Се остава шербетот да се впие во колачињата и на крај се декорираат со кокосово брашно или со мелени ореви (по желба).




Рецепт на Благица Цветановска

Sunday, November 20, 2016

Принцес крофна

loading...

Состојки:
-250 мл.вода
-100 гр. зејтин
-сол
-7 супени лажици брашно
-1/2 прашок за пециво
-6 -7 јајца (зависно од нивна големина)

За фил состојки:
-1250 мл. млеко
-9 - 10 супени лажици брашно
-13 - 14 супени лажици шеќер
-250 мл. вода
-2 кеси ванила
- 1 пакување маргарин.

За декорација:
-шеќер во прав.

Подготовка:
-Водата се става на огин да зоврие до 200 мл. и потоа се става зејтинот и малку сол во прсти. Во брашното го ставаш пецивото и додека врие водата ги ставаш заедно внатре, се мати убаво се заедно (да се измати без да има згрутчувања, може и со миксер во меѓувреме) и потоа се трга тенџерето од огин и се остава да се олади. Јајцата се ставаат едно по едно во смесата и се матат убаво. Додека се меси смесата се вклучува шпоретот на 200 степени. Тавчето се премачкува со зејтин и на него со супена лажица се пуштаат една по една пувка од смесата. Потоа се става во рерната за печење и се остава 30 минути да се испечат. Во меѓувреме не се отвора рерната никако, за да не се спласне смесата.
-Брашното и шеќерот се матат заедно, додека млекото да зоврие на огинот.Потоа на брашното и шеќерот им се додава и водата (од водата ставаш со лажица по малку). Во млекото додека се вари му додаваш ванила и маргарин.На крај се става и смесата од брашно, шеќер и вода во млекото (се мати со метална лажица со дупчиња) и кога кремот ќе биде густ (за 10 минути) се трга од огин и се мати со миксер се додека не биде пена.
-За тоа време смесата печена во тавчето се оладила. Се сече секое парче со нож и со супена лажица се пополнува со кремот и се става на долгнавест плиток сад. На крај се посолува со шеќер во прав преку цедалка и принцес крофните се спремни за послужување.




Рецепт на Благица Цветановска

Цитат 9

loading...



Saturday, November 19, 2016

Цитат 8

loading...



Бидете елегантни и со casual варијанти

loading...











Friday, November 18, 2016

Бидете со стил за посебни пригоди

loading...

















Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...