loading...
Научив... најдобриот школски час е да седиш на под пред нозете на постара личност.
Научив... Кога си заљубен, тоа се гледа.
Научив... Кога само една личност ќе ми каже „ми го разубави денот“... тогаш мојот ден е нешто посебно.
Научив... дека најмирното чувство на светот е кога детето ќе ти заспие во прегратка.
Научив... дека никогаш не смееш да речеш не на поклон од дете.
Научив... дека маж и жена не можат да бидат пријатели, ако меѓу нив постои барем мала физичка привлечност.
Научив... без обзир колку озбилност животот ти налага, секогаш ти е потребен пријател со кој ќе се глупираш.
Научив... дека малите секојдневни случки ни го прават животот спектакуларен.
Научив... дека под сечиј тврд оклоп има некој кој сака да биде ценет и сакан.
Научив... Бог не направил се` за еден ден. Зошто јас мислам дека можам?
Научив... Кога планираш да се одмаздиш некому, со тоа само си дозволуваш себеси таа личност да продолжи да те повредува.
Научив... дека љубовта, а не времето, ги лечи раните.
Научив... дека секој кого ќе сретнеш, заслужува да го поздравиш со насмевка.
Научив... дека никој не е совршен, се додека не се заљубиш во него.
Научив... дека насмевката е еден ефтин начин да го поправиш својот изглед.
Научив... дека е добро да даваш совети само во два случаја: кога некој ти ги бара и кога се работи за живот или смрт.
Научив... што имам помалку време, повеќе работи можам да направам.
No comments:
Post a Comment